
Зоолошка градина Скопје организира работилница „Запознај ја шумата“ за воспитувачи и оделенски наставници до четврто одделение.
Зоолошката ќе ги збогати своите содржини за посетителите во рамките на проектот „Истражи ги македонските шуми и биди во допир со природата“. Во тек е изградба на едукативна патека преку која секој посетител ќе има можност да ја доживее шумата со сите сетила. Се планира патеката да биде отворена за посетители од први ноември.
– Утре, на 24. септември во едукативниот центар на Зоолошка градина ќе се одржи работилница на тема „Запознај ја шумата“ за воспитувачи од повеќе скопски градинки и оделенски наставници до четврто одделение. Учесниците на работилницата ќе добијат сертификат, а потоа во соработка со едукативниот центар ќе можат да ги повторуваат содржините на следните работилници кои ќе се одржат со организирани групи деца. За воспитувачите и сите оние кои работат со деца ќе биде подготвен краток прирачник со кој преку игра децата ќе имаат можност да се запознаат со шумата и нејзините жители. Проектните активности се поддржани од Фондацијата за Поврзување на природни вредности и луѓе – CNVP и издавачката куќа Арс Ламина публикации – велат од Зоолошката градина во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


