Процесот на вработување во германската компанија Маркарт во Велес веќе започна, а на 4 октомври во Велес ќе се одржи и посебен „Ден за вработување“ , на кој сите заинтересирани кандидати ќе можат да добијат повеќе информации за перспективите на германскиот снабдувач на автомобилски делови.
Ова беше истакннато на денешната прес-конференција, на која главниот и извршен директор на Маркарт Групацијата, Харалд Маркарт истакна дека се бараат инжињери, луѓе за работа во логистика и работници за во производство.
– Бараме квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места, кои сакаат заедно да го градат и развиваат напиот објект во технолошки софистициран производествен погон. Убедени сме дека можеме да најдеме вакви луѓе во Македонија и дека заедно со нив можеме да отвориме ново поглавје во успешната приказна на нашата компанија, која трае веќе речиси 90 години, истакна генералниот дректор на компанијата Маркарт, додавајќи дека дел од одбраните кнадидати ќе заминат и на соодветни обуки во Романија или Германија.
Дел од лицата што ќе бидат регрутирани за време на Саемот за вработување ќе започнат со својот професионален ангажман уште од 1.ноември годинава. Фабриката на Маркарт во Велес треба да започне со производство од средината на идната година, а инвестицијата е вредна околу 35 милиони евра.
Министерот за странски инвестиции Веле Самак истакна дека за позициите во фабриката на Маркарт се потребни луѓе со различни вештини од електроника, механика и многу други.
– Овој тип на Саем за вработување кој е прв од ваков вид во Македонија траба да стане пример за сите странски компании и е одличен за кандидатите кои бараат работа или нов предизвик, смета Самак.
На саемот за вработување што ќе се одржи на 4-ти октомври во Велес, со почеток во 10 часот, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со „Маркарт“ групацијата и можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање. Во рамки на Денот на вработување ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и квалитет, но и во административните оддели, како што се човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба.
Генералниот директор за Македонија Волфганг Аихер посочи дека фабриката моментално е во фаза на цементирање и поставување на метална конструкција, која би требало да биде завршена до крајот на годината. Во декември, како што нагласи тој, објектот ќе биде затворен и ќе започне да се уредува внатрешноста.
Во компанијата „Маркарт“ во Велес 80 отсто од производството ќе биде наменето за автомобилската индустрија, а 20 отсто ќе бидат производи за домаќинството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500
-
Атанасов: Алаѓозовски продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството
-
Стојаноски: Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?




