| четврток, 6 декември 2018 |

Гробницата во Амфиполис не е на Александар Велики

Грчкиот министер за култура Костас Тасулас ја исклучи можноста гробницата откриена во Амфиполис во северна Грција, да е на Александар Велики.

Иако Катерина Перистери, која раководи со археолошките ископувања, рече дека гробницата била изградена кон крајот на 4 век п.н.е., што се совпаѓа со крајот на владеењето на македонскиот крал, според Тасулас „невозможно“ е во неа да се погребани останките на Александар Велики.

– Луѓето не треба да очекуваат ископувањата да ги откријат останките на Александар, рече Тасулас за телевизијата „Мега“.

Археолозите го продолжуваат истражувањето на четирите комори на гробницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top