| четврток, 6 декември 2018 |

Изминаа два месеци од смртта на Калина и Александар – државата ги заборави

Изминаа два месеци од смртта на Калина и Александар, а молчат државните инспекциски служби,
Планинарската федерација, која и понатаму издава лиценци за водичи, а Трансверзалец повторно си
организира планинарски тури, без никој да утврди дали тоа им е дозволено, велат роднините.
Ги гледаме нивните насмеани лица, меѓу нив и славниот туристички водич Москито, кој иако казнет,
ја организирал турата на Кајмалкчалан на 10. 02. 2018. Очигледно, паднаа во заборав двете смртни
последици и фактот дека државата требаше да ја утврди одговорноста на сите чинители за купот
повреди на законските прописи.
Затоа што, Судот во Стразбур, во овие случаи, најпрвин утврдува дали државата, нејзините
институции и приватни лица ги поседувале и ги ставиле во погон сите механизми и мерки за
обезбедување на животите на лицата, кои се под нивна јурисдикција и кои има обврска да ги заштити,
се вели во писмото од роднините.
Се прашуваме што направи нашата држава овие два месеци, во правец на утврдување на причините за
трагичниот настан? Да почнеме по ред.
Дали инспекциските служби го затворија Трансверзалец заради бројните повреди на законските и
интерните прописи?
Дали Москито, јавно заштитен од Угриновски, кој, сред зима, „остро”го казни со непостоечка казна
(суспензија на лиценцата за летни услови, со оглед дека за зимски услови никогаш не ни имал),
повторно си игра водич и организира нови тури ?
Дали вечниот Угриновски, во меѓувреме го пријави инцидентот на Светското планинарско друштво?
Очигледно не, туку продолжи со своите ефтини манипулации, па присуството на претседателот на
Словенечката планинарска федерација, чие доаѓање му било договорено одамна пред овој настан, го
искористи, за на фамилиите, лажно да им го „подметне”како доаѓање на лице од Светската
планинарска федерација?
Колку и обвинителството да утврдува вина, неспорен е фактот дека водичот Москито и лицето Дени,
никому не се јавиле, ниту на МВР, ниту на нашата војска, ниту на професионално обучени, за зимски
услови, спасители од Македонија за да побараат помош во една животно загрозувачка состојба за
Калина и Александар!
Дали воопшто, во една нормална држава, давањето на лиценци за планинарски водичи и надзорот над
овие спортови, во кои се гине, се остава на непрофитни организации, или тоа го прават безбедносните органи, а превенствено, МВР, прашуваат роднините.
Додека ја чекаме бавната правда, очекувавме Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетеа да
организираат едно меморијално искачување во спомен на загинатите со планинари. Можеби тие, кои
беа во групата на 10.02, кои тогаш не се јавија никому, ниту постираа на ФБ, или на било што, еден
обичен апел за спасување на Калина и Александар и поради тоа срамно молчат

Извор: Телма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top