Двојката што се криеше од јавноста, сега конечно е фатена од папараци. Врската меѓу пејачот Крис Мартин и Џенифер Лоренс почна пред еден месец, а веќе се вљубени до уши.
Минатата недела актерката беше забележана како се обидува да им избега на папараците по концертот на „Колдплеј“, но сега беше фатена на дело.

Двојката беше фотографирана како се симнува од приватен авион на аеродром во Лос Анџелес. Ова е првпат тие да бидат забележани заедно.

– Таа е вистинската за Крис. Тој ја обожава и веќе се неразделни. Таа буквално се всели кај него – открива извор близок до музичарот.
Според пријателите на Мартин, тој планирал да ги среди односите со сопругата Гвинет Палтроу со која е во брак 10 години, но откако Лоренс се вмешала во приказната, случувањата добиле поинаков тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



