| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на автобусот „67“ е тешко повреден, другите дваесетина повредени се во скопските клиники

prevrten-avtobus-8

Возачот на автобус на ЈСП со број 67, кој утрово во 6.10 часот се преврти во Драчево, е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Во несреќата се повредени 20 патници, кои со четири возила на Итната медицинска помош се пренесени на скопските клиники.

Вкупно 12 од патниците се транспортирани во Ургентниот центар, каде што е пренесен и возачот што е тешко повреден.

На другите повредени во тек се дијагностички процедури. Четири повредени има и во градската болница „8 Септември“, кои, според првичните информации, се со полесни повреди. Четворица има и во Градската хируршка болница. Во текот на денот се најавени подетални информации за повредените, а СВР Скопје ќе излезе со детални информации како дошло до превртување на автобусот.

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top