| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Во моментов на автопатиштата работат 1.500 работници

 

stavrevski_500

Градежништвото со години е стожер на македонската економија, заедно со странските директни инвестиции и извозот. Ова го истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески, на гостувањето во вестите на Сител, при што истакна дека дури повеќе од 25 индустриски гранки зависат од градежништвото.

– Може да се очекува продолжување со ваквата политика. И натаму ќе има многу пари од буџетот. Годишно преку 340-350 милиони евра наменети за капитални проекти, а плус на тоа има околу 200-250 милиони евра капитални проекти коишто ќе се реализираат надвор од буџетот преку јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост. Еден пакет од речиси 600 милиони евра секоја година работат за македонските градежни компании. А тоа создава и дополнителна работа за Бетон, Гранит, Трансмет и за сите домашни компании – истакна тој.

Илјадници работници се вклучуваат во овие проекти, а, како што истакна Ставрески, во моментов само на патиштата работат околу 1.500 работници, а за уште 500 работници постојано има оглас.

Се градат и училишта, здравствени објекти, комунална инфраструктура, а сето тоа е добар амбиент за градежништвото и тој тренд ќе продолжи и следната година, потврди министерот Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top