Суд во Њујорк пресуди дека Арапска банка обезбедила материјална поддршка за Хамас и дека поради тоа мора да исплати надомест на жртвите во 24 напади на исламски екстремистички групи извршени во Израел и на палестинските територии.
Шестнеделното судење во Бруклинскиот окружен суд е прв граѓански судски процес за финансирање тероризам во САД.
Судот донесе одлука дека мултинационалната Арапска банка, со седиште во Јордан, е виновна по 24 точки од обвинението за поддршка на тероризмот преку трансфер на финансиски средства на Хамас. Банката најави жалба на донесената пресуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.