| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на реновираното ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден

prazna-ucilnica

Во Општина Илинден денеска свечено ќе биде отворена реновираната зграда на „Гоце Делчев“ – најголемо основно училиште во  општината.

Училиштето е реконструирано преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Реконструкцијата финансиски беше поддржана од Владата на САД преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ).

Проектот опфати промена на 62 стари дрвени дотраени прозорци со нови, алуминиумски, промена на пет влезни врати и надворешната фасада, како и други зафати со кои училиштето со над 1100 ученици е енергетски ефикасен објект.

На свеченоста е најавено присуство на амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, Стивен Креј, генерал-мајор на Националната гарда од Вермонт, и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top