Хакерската група „Анонимните“ ѝ објавија кибер војна на екстремистичката групација Исламска држава во ексклузивно интервју, кое вчера го емитуваше телевизијата „Франс 24“.
Првата причина за отпочнување операција против ИД, како што појасни маскираниот претставник на хакерската организација преку видеолинк, e да ѝ се посочи на јавноста колку, всушност, e ургентна ситуацијата во Ирак, како и дека таа група не го претставува исламот.
– ИД поголемиот дел од активностите ги спроведува преку социјалните мрежи. Затоа решивме да не ги нападнеме директно, туку да ја нападнеме нiвната идеологија и тоа со објективни и логички аргументи – појасни тој.
– Ги наведовме исламските правила на однесување, кои не подразбираат напади на воени заробеници, ниту напади на министерства и потсетивме дека секој што не ги почитува тие правила треба да биде исклучен од заедницата – изјави претставникот на хакерската група. Тој, исто така, спомена дека „Анонимните“ сметаат дека САД „директно и индиректно придонеле за оваа криза“.
– Планираме да нападнеме неколку земји, за кои се знае дека финансиски ја поддржуваат ИД, вклучувајќи ги Турција и Саудиска Арабија – рече тој и додаде дека хакерската група веќе ги потсетила тие земји дека доколку продолжат со поддршката ќе мора да ја уништат нивната виртуелна инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година



