| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска пуштена во промет нова банкнота од десет евра на кирилица

банкнота
Европската централна банка (ЕЦБ) од денеска пушта во употреба нови банкноти од десет евра со подобар систем на заштита и малку изменет дизајн.
По големината и бојата новите банкноти не се разликуваат многу од претходните, но измените се во усовршената заштита од фалсификување и во новата форма на вертикалниот холограмски раб.
Нов елемент во дизајнот е додавањето на зборот евро на кирилица, кон веќе испишаниот збор на латиница и со грчкото писмо. Тоа се должи на членството на Бугарија во ЕУ.
Кратенката ЕЦБ е напишана не на пет, како што беше досега, туку на девет јазици. Во период од неколку недели во земјите од еврозоната ќе бидат пуштени во употреба околу 4,3 милијарди од новите банкноти од десет евра. Претходните банкноти од десет евра и натаму се валидни, но банките постепено ќе ги заменат со нови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top