
Полицијата во Пенсилванија ја опколила шумата каде што верува дека се крие Ерик Метју Фрејн, осомничен за убиство и обид за убиство на полицајци, а некои медиуми јавуваат дека 31-годишниот Фрејн одбива да се предаде. „Хафингтон пост“ наведува дека тој се крие во планинската област Поконо, а ФБИ го ставил на листата на 10 најбарани луѓе во САД.
Полицијата соопштила дека осомничениот убиец го подготвувал нападот „интензивно со месеци, а можеби и со години“. По него трагаат околу 400 полицајци, меѓу кои и ФБИ од каде што соопштија дека тој учел руски и српски јазик. Во текот на претресот во неговиот дом, таткото им рекол на полицајците дека недостигаат две пушки. Тој открил дека Фрејн „пораснал со оружје“ и бил член на стрелачки клуб додека учел во средно училиште.
– Кога Фрејн пука, не промашува – рекол таткото.
Американските медиуми наведуваат дека тој со години учествувал во симулации на воени битки и дека бил опседнат со армиите на источноевропските земји во периодот од Студената војна. Тој дури и поседувал фотографии на кои носел српска и руска униформа. Според нивните информации, Фрејн во моментот имал „чироки“ фризура како дел од металните подготовки за наводните напади додека претходно изгледал сосема поинаку.
– Многу од нив имаат униформи од тие војски и ја проучуваат историјата од тој период – рекле од полицијата додавајќи дека Фрејн патувал во Европа во последните пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


