Американскиот судија од Пенсилванија денеска го отфрли барањето на Џил Стајн, која беше кандидат на Зелената партија на претседателските избори, за повторно броење на гласовите во оваа држава.
Отфрлено е и нејзиното барање за провера на гласачките машини со оглед на фактот дека постоеле сомнежи дека се хакирани.
Британските медиуми наведуваат дека одлуката е објавена на денот кога се очекува во Висконсин да се заврши повтореното пребројување на гласовите, што меѓутоа,нема да влијае на исходот од изборите.
Стајн неодамна најави и дека ќе му се обрати на Федералниот суд во обид да издејствува повторено пребројување на гласовите во Пенсилванија, по што државниот судија на нејзиниот тим му наложи да достави обврзница во вредност од милион долари.
Во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген републиканскиот кандидат Доналд Трамп однесе тесна победа над демократскиот противник Хилари Клинтон, потсетуваат британските медиуми.
Од друга страна, тимот на Хилари Клинтон соопшти дека ќе учествува во повтореното пребројување на гласовите, напоменуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.