| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме во Скопје

Есента пристигна неколку часа порано во главниот град. Силен ветар и обилни врнежи од дожд веќе еден час го зафатија Скопје.

Ваквото време, според метеоролозите, ќе продолжи и во наредните денови. По неколкуте сончеви и топли септемвриски денови, следува драстична промена на временските услови до утре и вистински есенски температури.

Температурата во Скопје во моментов се спушти на 17 степени, а во следните денови метеоролозите очекуваат и дополнително заладување.

Календарски, есента во Македонија и на северната хемисфера пристигнува утре, нешто пред пет часот изутрина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top