Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Кавадарци, кога мотор удрил во пешак кој поминувал по улица, а потоа удрил во паркирана „лада нива“, пренесува „Дума.мк“.
Од ударот тешки повреди заработиле возачот на моторот, совозачот и пешакот. Сите тројца со возила на Брза помош се пренесени на скопските клиники.
Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека полицијата врши увид, а повеќе информации околу несреќата ќе бидат достапни утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


