Доколку во Русија има воен конфликт или сериозни демонстрации, земјата може да го укине интернет пристапот, објавија високи руски официјални лица.
Претседателот Владимир Путин денеска ќе претседава со советот за безбедност, кој меѓу другото треба да најде решение и да го разгледа прашањето за тоа како Москва да го укине интернетот на територијата на Русија, во случаи кога од тоа има потреба.
Целта пред се е да се зајакне контролата врз содржината на она што се пласира не интернет, место кое се покажало погодно за групирање, организирање и опозиционирање.
Планот кој го има рускиот претседател е врз доменот РУ. да има контрола државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


