Додека посетата на папата Франциско на Албанија, се уште е топ тема, медиумите продолжуваат со објавување на настани од времето на комунизмот, период кога во оваа земја со умисла биле рушени верски објекти.
Еден од ваквите настани е и уривањето со експлозив на црквата во северниот албански град Вау Дејес, каде што бил венчан Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.
Црквата е срушена со експлозив во 1967 година по наредба на Мехмед Шеху а присуствувале високи функционери на Партијата на трудот(Комунистичка партија).
Во 1967 година, диктаторот Енвер Хоџа ја прогласи Албанија за прва „атеистичка држава“ во светот.
Се тврди дека по тој период во Албанија се уништени 1840 католички и православни цркви, додека пак 111 свештеници, десет верски ученици и осум монахињи умреле во притвор или биле погубени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив


