Дваесет и пет годишна студентка на Универзитетот во Сараево раскажува зошто се одлучила да го продава своето тело, не размислувајќи за последиците од таквата одлука.
Таа додава дека се започнало кога немала пари да запише година на факултет, па му се пожалила на еден пријател, кој културно и низ шега и кажал дека таа со својата убавина би можела да заработи многу пари.
-Тој ми го договори и првиот клиент, кој беше средновечен маж. Малку на почетокот ми беше незгодно затоа што не сакав да бидам со него, а на себе си кажав дека не сакам тоа цел живот да го правам туку единствено додека да завршам факултет… па така и почнав, вели таа.
На инсистирањето да објасни зошто таа не се одлучила да работи нешто друго за да заработи таа вели
Оваа девојка раскажува дека имала и многу непријатни ситуации а оваа е и едната од нив.
–Состанокот беше закажан во една хотелска соба. Кога влегов во собата видов двајца момци. Веднаш ми беше сомнително. Секако сакаа заедно, а јас тоа веднаш го одбив. После нивното инсистирање и моето одбивање станаа насилни. Почнав да плачам и да ги молам да ме пуштат. На крај едниот се смилува и успеав да се извлечам, раскажува таа.
Таа наведува дека клиентите доаѓаат со посредници, а меѓу нив често има угледни политичари и бизнисмени. Сепак, родителите не знаат ништо за нејзината работа. Но, таа смета дека не прави ништо лошо.
– Не сакам да наведам никого на проституција, веројатно и јас не би почнала да работам вакво нешто но доколку би живеела во нормални услови односно нормална држава каде студентите би можеле да заработат додека студираат, односно да работат барем половина работно време како на Запад. Но ете морав, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


