
На 25 февруари во МКЦ ќе настапи легендарниот американски рок-музичар Марк Ленеган (49). Тој музичката кариера ја почна како вокалист во групата The Screaming trees “. Во 1990 година почна соло-кариера, издавајќи го албумот “The winding sheet”. Оттогаш издаде уште шест студиски остварувања, кои добиваа одлични критики.
Ленеган е познат и по бројните соработки со врвни рок-мизичари, кои оставија печат во раните 90-ти години. Една од нив е и таа со Курт Кобејн во “Нирвана”. По излегувањето од “The Screaming trees”, во 2000 година почна да членува во “Queens of the Stone Age”. Со нив соработуваше на пет албуми. Овој неверојатен вокал, кој го споредуваат со Том Вејтс сега може да се слушне и во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


