| четврток, 6 декември 2018 |

Раперот Флејм бара виткач на џоинт, плата 50.000 долари

Њујоршкиот рапер Вака Флока Флејм на својот „Инстаграм“ профил објави несекојдневен оглас за вработување. Раперот всушност бара човек за виткање на џоинт, за годишна плата од 50.000 долари што значи месечната заработка би била околу 4.100 долари.

Во огласот стои дека овие пари ќе ги добие личноста која ќе се покаже како добар мотач на џоинт, а оние кои мислат дека ги бива за оваа работа можат да се пријават на хаштагот „#icanroll“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top