| четврток, 6 декември 2018 |

Каква храна смеете да јадете додека читате?

citanje_knigi

Многумина сакаат да јадат, грицкаат или пијат додека читаат книга или весници, но треба внимателно да се одбираат намирниците.

Чајот е совршен пијалок додека читате. Ако планирате да јадете, чајот може да го замените со топла супа.

Колачиња – оние кои читаат најчесто посегнуваат по колачиња. Меѓутоа, внимателно со колачињата, бидејќи кутијата може брзо да се испразни.

Тестенини – лесно се јадат со вилушка, а едната рака секогаш ви е слободна за да може да ја држите книгата додека читате.

Фрапе е одлично пијалок за освежување, а е многу хранлив. Овошно фрапе ќе ве засити, а место шеќер може да користите мед.

Што треба да избегнувате?

Чоколадо – со него внесувате голема количина шеќери. Богато е со калории и го успорува процесот на варење. Ако толку многу не можете да оддолеете, одберете темно чоколадо.

Газирани пијалоци – треба да се избегнуваат бидејќи содржат многу шеќери кои се штетни за вашето здравје.

Сендвичи со бел леб

Белиот леб не содржи протеини и не може да ве засити. Исто така не содржи влакна и хранлии материи. Истражувањата покажаа дека оние кои редовно јадат бел леб се склони кон дијабетес тип 2. Изберете интегрален на сметка на бел леб.

Пуканки

Избегнувајте пуканки бидејќи содржат маснотии кои остануваат на вашите прсти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top