| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен маркетот „Веро“ на Широк сокак

СВР-Битола соопшти дека ноќеска по полноќ од маркетот „Веро-6“ е украден сеф во кој имало повеќе од 1,6 милион денари.

– Утрово во 6 часот и 50 минути во битолската полиција беше пријавено дека ноќеска, најверојатно 48 минути по полноќ, од непознат сторител е извршена тешка кражба, и притоа насилно е влезено во просториите на маркетот „Веро-6“ лоциран на Широк сокак во Битола. Во кражбата е одземен сеф во кој, според кажување, имало 1.662.000 денари – истакна Магдалена Димитровска од Секторот за односи со јавност во СВР-Битола.

Во тек е истрага за кражбата што ноќеска се случи во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top