Граѓаните незадоволни од Жерновски, се прашуваат како е можно Општина Центар да има средства за изградба на “Боемска улица”, која чини значителни 460.000 евра, а нема средства за изградба на градинка во Капиштец која неколку пати ја ветуваше Жерновски, знаејќи дека една градинка би чинела не повеќе од сумата исплатена за изградба на Боемската улица.
„За градинката веќе има изготвена целосна документација, односно ревидиран основен проект со сите фази и таа се очекува да биде завршена за околу половина година. “, во јули 2013 објаснуваа од Општина Центар, но од тогаш помина цела година и нема ни трага ни глас од градинката, како и од многуте ветени проекти на Жерновски.
Така за споредба, градинка изградена во 2013 година во Општина Росоман во која можат да се сместат над 70 деца, чини 14 милиони денари или 230 000 евра. Доколку би се вложеле сите средства од “Боемска улица” за изградба на градинка, притоа знаејќи дека Владата на Жерновски му подари градежно земјиште за изградба на градинката, би можело да се изгради градинка што би сместила околу 150 деца за токму да ги задоволи потребите на граѓаните од тој дел на Капиштец.
Граѓаните прашуваат дали на Жерновски му е поважно да направи кафеанска улица или поважно му е да им излезе во пресрет на граѓаните на Капиштец на кои им е потребна градинка и на кои тој лично им делеше ветувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ристески: Жерновски 4 години без срам и недомакински ги троши парите на центарци
-
За 4 години, со 100 милиони евра на центарци, Жерноски и СДС не успеаа да реализираат ниту еден ветен проект
-
Шерифите на Жерновски на тапет кај Јоци
-
Јоци: Жеки се надевам ревизија ќе ни каже што точно си правел со наши пари


