
Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос демантираше дека Атина била предупредена од американските власти дека во Грција се врши обука на екстремисти или дека од земјата заминуваат џихадистички борци во странство, пишува весникот „Катимерини“.
– Не сме добиле такво предупредување. Ние имаме тесна соработка со американската администрација и со сите други сојузници – истакна Венизелос, одговарајќи на прашањето во врска со тврдењата дека ЦИА и соопштила на Атина за седум лица со грчко потекло, кои се бореле во странство како џихадисти.
Шефот на грчката дипломатија, по вчерашната средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, нагласи дека „Грција учествува во меѓународната мобилизација против Исламска држава (ИД)“.
Грчката полиција во петокот, исто така, ги отфрли тврдењата дека во земјата се обучуваат џихадисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


