| четврток, 6 декември 2018 |

Копија од Златната маска од Требеништа ќе биде изложена во Археолошкиот музеј

Копија од Златната маска пронајдена во Требеништа ќе биде изложена во Археолошкиот музеј на Република Македонија во Скопје, заедно со околу шест илјади други артефакти од минатото.

Богатата археолошка поставка ќе биде конципирана во неколку хронолошки периоди и ќе ги содржи најрепрезентативните предмети од македонското минато, а се очекува да биде отворена до крајот на месецот.

Се очекува да бидат поставени и камени споменици, реконструкција на гробови и археолошки наоѓалишта, мозаици, како и други вредни предмети.

Предметите што ќе бидат изложени на простор од околу шест илјади метри квадратни и ќе бидат максимално обезбедени со видео-алармен систем во текот на 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top