| четврток, 6 декември 2018 |

ИД:Убивајте американски неверници и злобни Французи

Групата Исламска држава ги повика денеска своите приврзаници да убиваат граѓани на земји од меѓународната коалиција, која е формирана да се бори против џихадистичката група во Ирак и Сирија.

– Ако можете да убиете американски или европски неверник, посебно злобните и нечесни Французи, потоа Австралиец, Канаѓанец или граѓанин на било која земја од коалицијата против ИД, повикајте се на Алах и одземете му го животот на секаков начин- повика портпаролот на групата, Абу Мухамад ал Аднани во соопштение напишано на неколку јазици.

Американски и француски авиони извршија серија напади врз цели на џихадистичката група во Ирак, а САД вчера соопштија дека и други земји се заинтересирани да се вклучат во воздушните напади против организацијата во Сирија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top