| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца велешани нападнати и претепани во сопствениот дом

Вчера на ул.„Кирил Пејчиновиќ“ во Велес С.А. и неговата невенчана сопруга Н.К., биле нападнати во куќата во која живеат, од страна на Б.И. (45) и неговиот 20-годишен син И.И..

Имено, И.И. го скршил стаклото од влезната врата, влегле во куќата, по што истиот го фатил С.А. и го турнал на подот.И.И. заедно со Б.И. го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по телото.

Од страна на полициски службеници, Б.И. е приведен во ПС-Велес и над истиот е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 3,40 промили, а И.И. е повикан во СВР-Велес, и по извршена консултација со јавен обвинител , двајцата се задржани во полициската станица во Велес.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена сооодветна пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top