
Гостиварецот со иницијали Б.Ф. е уште еден Албанец со македонско државјанство кој во моментот се бори на боиштата во Сирија за кого дозна јавноста. Според порталот Алмакос, Б.Ф. престојува во Сирија од 2013 година заедно со семејството. Тој бил економски добро ситуиран, поседувал бизнис во Гостивар. Од него е објавена и фотографија на која пие чај заедно со Лавдрим Мухаџери, водачот на албанските џихадисти во Сирија и во Ирак. Под фотографиите пишува дека „лавот” Лавдрим е жив.
Неодамна најпрвин курдска телевизија објави вест дека Мухаџери, кој е лидер на албанските џихадисти во ИСИС, е убиен, по што арапски медиуми објавија и фотографии на изрешетено лице за кое тврдеа дека е Мухаџери. Дали објавата на гостиварецот е точна не може да се потврди, како што не може да се потврди времето кога фотографиите се направени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


