| четврток, 6 декември 2018 |

ИД бара од своите приврзаници да убиваат државјани од земји кои се борат против нив

Групата Исламска држава ги повика денеска своите приврзаници да убиваат граѓани на земји од меѓународната коалиција, која е формирана да се бори против џихадистичката група во Ирак и Сирија.

Funeral for killed Palestinian field commander during ceasfire

– Ако можете да убиете американски или европски неверник, посебно злобните и нечесни Французи, потоа Австралиец, Канаѓанец или граѓанин на било која земја од коалицијата против ИД, повикајте се на Алах и одземете му го животот на секаков начин, повика портпаролот на групата, Абу Мухамад ал Аднани во соопштение напишано на неколку јазици.

Американски и француски авиони извршија серија напади врз цели на џихадистичката група во Ирак, а САД вчера соопштија дека и други земји се заинтересирани да се вклучат во воздушните напади против организацијата во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top