| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Новоназначениот амбасадор на САД го навреди македонскиот народ

mnrМинистерството за надворешни работи денеска го повика на разгвоор заменик амбасадорот на САД во Македонија за да изрази загриженост поради ословувањето на македонското мнозинство население како „Словени“ од страна на новоименуваниот амбасадор на САД во МАкедонија Џес Линпинкот Бејли. Во соопштението од македонското МНР се вели:

– Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан заменик амбасадорот на САД во Република Македонија, при што беше изразена загриженост поради несоодветното ословување на припадниците на македонското мнозинско население како “Словени“ од страна на новоименуваниот  амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Линпинкот Бејли, во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат при неговото  сослушување оддржано на 17 септември 2014г. Ваквото ословување го доведува во прашање идентитетот и ги  повредува чувствата на македонскиот народ. Едновремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top