На предпоследната трка од европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе на патеката крај Бузет, Хрватска повторно беше најдобар со рекорд на патеката. Иако оваа трка немаше никакво резултатско значење бидејќи популарниот Иџе веќе ја имаше освоено европската титула на две трки до крајот на шампионатот тој од самиот почеток не тактизираше и оствари време од 2:26.05 што значеше и рекорд на патеката. Второто возење беше само формалност, а Иџе го извозе резервирано и беше побавен за 31 стотинка. Ова е осма победа во 11 трки од европскиот шампионат за Стефановски. До крајот останува уште една трка, онаа во Словенија на која македонскиот автомобилист и сега европски шампион најави дека ќе учествува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.