Мултиинструменталистот Драган Даутовски по трет пат ќе гостува во Кина, како резултат на успешните настапи со Hangzhou Philharmonic Orcestra и Shenzhen Symphony Orchestra во 2012 година.
Даутовски е поканет да гостува во Кина од страна на Nanjing Chinese Orchestra и Melodi for Dialogue among Civilization- UNESCO. Тој, заедно со уште неколку уметници од целиот свет, ќе учествува во значаен проект за светското културно наследтсво „World Historical and Cultural Exposition“, кој ќе се одржи во градот Наџинг.
Даутовски свири на повеќе од 20 народни инструменти. Единствено тој свири и на уникатната теракотна топчеста флејта – окарина, која датира од неолитскиот период и чија старост е проценета на над шест илјади години.
Во 1992 година го основа народниот ансамбл „Миле Коларовски“, со кој настапува во Македонија и странство, и остварува голем број снимки за МРТ. По пишувањето на музиката за филмот „Пред дождот“, во 1995 година ја основа групата „ДД Синтезис“, чија основна идеја била да го проучува македонскиот музички фолклор и фолклорното богатство. Во 2000 година го формира „Драган Даутовски Квартет“.
Драган Даутовски е автор на бројни албуми и дела за инструментални состави и вокални солисти, групи и оркестри, кои вклучуваат народни македонски инструменти. Овој музичар бил препознаен и од УНЕСКО во 2007 година. Одржал голем број концерти и со настапи на музички фестивали низ целиот свет го промовирал македонскиот автентичен, традиционален етно звук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.