Во последниот натпревар од четвртото коло од Примера, Барселона без многу проблеми го совлада Леванте во Валенсија со 5-0.
Гостите и по четвртото коло се осамени на врвот на табелата со максимален ефект со 11 постигнати гола и со ниту еден примен . Каталонците имаа мала помош од судиите бидејќи непотребно беше исклучен Винтра во 41. минута, но правдата беше задоволена бидејќи Меси не погоди пенал досуден поради прекршок над Нејмар.
Водство на Барселона ѝ донесе Нејмар во 34. минута, по асистенцијата на Лионел Меси, а десет минути подоцна водството го зголеми Иван Ракитиќ.
Сандро Рамирес ја продолжи голеадата во 57. минута, а Педро во 64. погоди за 4:0. Конечниот резултат го постави Аргентинецот Лионел Меси во 77. минута.
Резултати:
Петок:
Елче – Еибар 0:2
Сабота:
Депортиво – Реал Мадрид 2:8
Атлетик Билбао – Гранада 0:1
Атлетико Мадрид – Селта 2:2
Еспањол – Малага 2:2
Недела:
Сосиедад – Алмерија 2:2
Вилјареал – Рајо Валјекано 4:2
Кордоба – Севилја 1:3
Леванте – Барселона 0:5
Понеделник:
Хетафе – Валенсија (20:45 часот)
Табела: Барселона 12, Севилја 10, Атлетико Мадрид 8, Гранада 8, Валенсија (-1) 7…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.