Рускиот опозициски политичар и сопственик на весник, Лав Шлосберг им доставил на медиумите транскрипт од разговор на припадници на руските паравоени единици со што американскиот весник „Њујорк пост“ тврди дека паѓа во вода целата приказна на Путин за немешањето на Русија во украинската криза.
– Одиме и ги бараме оние е**ни Украинци. Штом се појавиме на отворено, нѐ гледаат и пукаат. Истрчавме на улицата, таму имаше поле, сончогледи и контрола точка. Почнаа да фрлаат бомби. Бам, бам, бам и ја уништија. Осумдесет момци беа убиени. Ми рекоа дека само десет се извлекле – рекол војник кој и самиот бил ранет во нападот.
Оваа приказна ја раскажал на телефон на друг војник додека се наоѓал на лекување во болница. Другиот војник го прашал дали им кажуваат воопшто каде ги праќаат.
– Ништо не ни зборуваат. Велат дека одиме на вежба – му одговорил.
Наводно станува збор за разговор меѓу припадници на елитната 76. дивизија на руската војска стационирана во градот Псков.
Војниците разговарале и за својот соборец Леонид Кичаткин, чијашто смрт минатиот месец била предмет на контроверзии. Шлосберговиот весник тогаш објавил вест дека Кичаткин загинал на украинското боиште. Неговата вдовица на нејзиниот профил на „Фејсбук“ објавила информација за погребот на сопругот.
Објавата набрзо била избршана и заменета со нова во која пишувало дека Кичаткин е жив и здрав. Војниците во телефонскиот разговор зборувале и за тоа како свртеле во домот на вдовицата на Кичаткин и дека им се јавил некој што глумел дека е нејзиниот покоен маж.
– Да знам само кој ја држеше слушалката од неговата жена, ќе му ја скршев главата – рекол еден од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Германците тврдат: Русите „шмркале“ амонијак на Мундијалот?
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија