Во првата половина од денот понеделник ќе помине во пријатно време. Промената на времето повторно доаѓа попладне во северните и западните краеви од земјава. Следува повторно наоблачување и повремен локален дожд. Во текот на вечерта ветерот ќе го промени правецот во северозападен, и истиот ќе има умерена, а локално во источните краеви и долж Повардарие повремено засилена брзина. Доцна вечер врнежи ќе има во поголем дел од земјата.
Според метеопро.мк, максимална температура околу 27°С се очекува во северната половина на земјата, а во југозападниот регион до 27°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 31°С.
Во скопската котлина се очекува умерена облачност со сончеви периоди претпладне. Попладне, а особено навечер ќе се зголеми облачноста и ќе паѓа повремен дожд. Во текот на вечерта и ноќта ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната вредност на температурата ќе достигне 27°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.