Малата Мејси Вигнес е девојче познато во медицинските кругови. Таа пред четири години е родена без капка крв во себе, но успеала да преживее што е единствен таков случај досега забележан во светот.
Деновиве, Мејси ги воодушевила и учителите во основното училиште „Холи Крос“ во близината на ирскиот Траморео. Мејси, раскажува нејзината мајка Ема Вигнес, одлично се снашла во училишните клупи.
– Имаше случаи кога бебињата преживуваат со ниво на хемаглобин од четири, но без крв – не. Мејси имаше само мало ниво на плазма – прераскажува мајката Ема која девојчето на свет го донела со царски рез шест недели пред предвидениот термин.
Мејси две недели поминала во инкубатор и секојдневно била на трансфузии со крв и тромбоцити. Нејзиното слабо детско тело се изборило за живот.
Лекарите сè уште не утврдиле што е тоа што предизвикува бебешката крв во потполност да се апсорбира во телото на мајката како што е случајот со мајката и ќерката Вигнес.
Генерално се смета дека причина би можело да биде траумата во бременоста, но Ема на тоа одмавнува со раката.
– Мојата бременост беше во ред сè до 34-та недела. Тогаш добив отоци и сè тргна наопаку – вели Ема. Во нејзиниот случај веројатно дошло до пукање на дел од водењакот што предизвикало апсорпција на крвта од телото на плодот во матката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.