Министерството за надворешни работи на Република Македонија реагира на несоодветната употреба на терминот „Словени” од страна на новоименуваниот амбасадор на САД во Република Македонија Џес Липинкот Бејли при неговото сослушување во Сенатот.
Утре во МНР ќе биде повикан заменик амбасадорот на САД за да му биде пренесено нашето незадоволство од ваквиот акт на именување, информираат од МНР, кој изјави дека во Македонија живеат мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.