| четврток, 6 декември 2018 |

Со триумфот во Сингапур Хамилтон се искачи на првото место во генералниот пласман

Возачот на формула 1 тимот Мерцедес Британецот Луис Хамилтон супериорно победи на ноќната трка во Сингапур.
Со седмата победа во сезоната и 29 вкупно во кариерата Хамилтон се искачи на првото место во генералниот пласман веднаш пред својот клупски колега Нико Розберг кој на трката во Сингапур мораше да ја заврши во 15 круг поради продлеми со електрониката во воланот. Ова е втора победа по ред за Хамилтон по победата во Монца пред две недели.
На второто и третото место во Сингапур се пласираа возачите на Ред Бул актуелниот шампион Себастијан Фетел и Даниел Рикардо со заостанување од 13 односно 14 секунди.
На денешната трка бодови уште освоија: Алонсо (Ферари), Фелипе Маса (Вилијамс), Жан-Ерик Верњ (Рено), Серхио Перез (Индија Форс), Кими Раиконен (Ферари), Нико Хулкенберг (Индија Форс) и Кевин Магнусен (Мекларен).
До крајот на шампионатот остануваат уште пет трки, а следната се вози во Јапонија на 5 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top