| четврток, 6 декември 2018 |

Ашраф Гани е новиот претседател на Авганистан

Поранешниот авганистански министер за финансии Ашраф Гани е новиот претседател на Авганистан, покажуваат конечните резултати од изборите, објавени денеска од Изборната комисијата.

gani

Неговиот политички ривал Абдула Абдула, кој е поранешен министер за надворешни работи, ќе ја предводи Владата, истакна претседателот на Комисијата, Јусуф Нуристани.

Претходно денеска Гани, кој ќе го наследи Хамид Карзаи на функцијата, потпиша со Абдула спогодба според која ќе биде формирана влада на национално единство.

Целта е да се стави крај на тримесечните несогласувања околу вториот круг од претседателските избори и Авганистан да излезе од политичката криза.

Портпаролот на Карзаи, Ајмал Фајзи изјави уште пред објавувањето на резултатите дека се очекува Гани да положи заклетва како претседател следната недела, а една од првите работи, кои ќе ја направи е да ја потпише долго одложуваната билатерлна спогодба за безбедност со САД, која ќе дозволи мал број странски војници да останат во земјата по 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top