Официјална Атина молчи на соопштението на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ во кое бара поништување на одлуката Димитрис Аврамопулос, поранешниот грчки министер за одбрана и за надворешни работи, да биде европски комесар одговорен за миграција и внатрешни работи.
– За нас едноставно е незамисливо тоа што поранешен грчки министер, кој служеше еден од најдолгите мандати во последните 25 години, ќе биде задолжен за споменатата област за целата ЕУ, со оглед на фактот што Грција останува на апсолутното дно од ’28-те’ во однос на заштитата на разновидноста или борбата против расизмот и хомофобијата, се вели во соопштението на „Виножито“.
Во текстот, меѓу другото, се истакнува дека е „невозможно, ниту прифатливо, грчкиот волк да ги чува европските овци“ со оглед на тоа што „Аврамопулос е врвен претставник на земјата што официјално нема етнички ниту јазични малцинства“.
Во овој контекст, партијата потсетува дека некои од должностите на Аврамопулос ќе вклучуваат и заштита на малцинствата, целосна контрола на Шенгенскиот договор, заштита на основните човекови права и борба против расизмот, ксенофобијата и хомофобијата.
„Виножито“ е рамноправен член на Европската слободна алијанса (ЕСА), која заедно со Зелените, ја формира четвртата по големина група во Европскиот парламент. Токму преку ЕСА партијата го актуелизира ова прашање и во Европскиот парламент. Доколку не биде поништена одлуката за назначување на Аврамопулос за еврокомесар за миграција и внатрешни работи, „Виножито“ ќе им предложи на Зелените/ЕСА да дадат негативен глас за целата Европска комисија.
Отсуството на било каква реакција од официјална Атина е разбирливо, затоа што Грција не сака никаков дијалог со партијата на Македонците бидејќи на тој начин индиректно би го признала нејзиното постоење, велат за МИА претставници на партијата.
И грчките медиуми, кои секојдневно се занимаваат со се и сешто од Македонија, одлучија да го игнорираат овој чекор на „Виножито“. Освен локалната телевизија „ Космос“ која зрачи од Родос, за која соопштението е „многу навредлив и заканувачки напад против Грција и Аврамопулос“, засега ниту еден медиум не објави ниту збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција