
Дваесет и две годиишна жителка на гостиварското селото Чајле бегајќи од напаѓач се качила на дрво и си ги скршила нозете. Во Гостивар на ул.„Светозар Пепоски“ бб, додека Б.Е.(1992) од с.Чајле-Гостивар се движела по улицата, и се доближило непознато машко лице кое управувало моторцикл и се обратило со навредливи зборови.
Таа се уплашила и побегнала по наведената улица и почнала да се качува на дрво, но во еден момент паднала на земја и се здобила со тешки телесни повреди (скршеници на двете нозе).
Со возило на Брза помош, била пренесена во МЦ-Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош е пренесена и задржана на лекување во УЦ-Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од полициската станица -Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


