| четврток, 6 декември 2018 |

Неколкумина повредени во тепачка во Влае

tepacka

MВР информира дека ноќeска околу 02.00 часот во ЦИК-Скопје пријавено е дека во населба Влае кај аптеката „Зегин“ имало тепачка во која учествувале повеќе лица од Скопје.

Од страна на итна медициска помош во ГОБ пренесени биле: Б.С., кај кој од страна на доктор е констатирана тешка телесна повреда – фрактура на нос и Е.И. кој се здобил со тешка телесна повреда – фрактура на рака, а додека Г.С. се здобил со телесна повреда и истиот бил повреден со нож во пределот на десната натколеница.

Во ургентен центар пренесен бил Д.В. кај кој од страна на доктор констатирани се тешка телесна повреда – фрактура на слепоочница.

Полициската станица Карпош презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top