| четврток, 6 декември 2018 |

Четири јубилеи на фестивалот „Браќа Манаки“

манаки постер

ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор на штотуку завршеното издание на Фестивалот одбележаа четири важни јубилеи: 35 години од основањето на Фестивалот „Браќа Манаки“ – Битола, 20 години од најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, 20 години селекторска улога на Благоја Куновски-Доре во главната програма на фестивалот и пет години партнерство со Вип операторот.

– Во толку важна година за најстариот фестивал на филмската камера во светот, цениме дека го дадовме со искрена страст и залагање најдоброто од себе да за го имаме најдоброто издание досега. Храбро отидовме кон ѕвездите.  Конкуренцијата во главната програма беше врвна, со најважните филмови изминатиот период. Имавме двајца водечки кинематографери од светски калибар, Крис Менџис е жива легенда, Бигаци е моќна авангарда. Ја донесовме Жулиет Бинош, не голема, огромна ѕвезда, на која би ни позавиделе и многу поголеми и многу побогати фестивали, светски фестивали од најголем формат. Не смееме да заборавиме дека во само една вечер на црвениот тепих во Битола продефилираа тројца врвни оскаровци. Демантирајте нè, но не паметиме слично случување во рамки на културата во Македонија. Во преполни сали имавме две прекрасно организирани премиери на македонски филмови, каде на екипите им понудивме концепт на претставување на црвениот тепих по највисоки стандарди.

Конечно се уверивме дека светлината на вистинските ѕвезди не можат да бидат засенети. „Браќа Манаки“ веќе одамна ги надмина очекувањата за тоа што еден културен настан може и треба да претставува. Не направивме само фестивал, туку поставивме цел нов концепт, кој е достоен за чествувањето на јубилејот и за духот и креативноста што ги имаат Битола и Македонија – пишува во соопштението на организаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top