| четврток, 6 декември 2018 |

Која е мајката, а која е ќерката?

le Bon

Амбер и Џасмин Ле Бон

Познатата британска манекенка Џасмин Ле Бон се појави на еден хуманитарен настан во Италија во придружба на својата 25-годишна ќерка Амбер, а многумина коментираа дека мајката и ќерката повеќе личат на сестри.

Џасмин (49) се појави во Италија на настан посветен на превенцијата и лечењето на вирусот ХИВ.

Таа е сопруга на славниот Сајмон Ле Бон, водачот на групата „Дјуран, Дјуран“, а нивниот брак важи за еден од најстабилните во Велика Британија.

Оваа британска двојка се венча во 1985 година и денес има три ќерки – Амбер (25), Сафрон Сахара (23) и Талула Пајн (20).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top