Шпанската атлетичарка Хадиља Рамони одлучи на интересен начин да го покажа својот револт за лошата положба во која се наоѓаа женските спортистки во нејзината земја.
Хадиља има 27 години и е рекордерка на Шпанија на 800 метри го најде вистинскиот начин како да го привлече вниманието на јавноста и да го каже својот став за лошиот однос кон спортистките во нејзината земја.
Таа, како и нејзината сонародничка пливачката Мираи упати остри критики поради лошиот статус на женските спортистки во Шпанија.
Атрактивната атлетичарка го најде вистинскиот начин како да се појави на насловната страна на барем еден магазин. Шпанската атлетичарка се разголе за магазинот „Интервју“ и во топлес издание повторно укажа на статусот кои женскиот спорт ги има во Шпанија.
-Има се помалку финансиски средства во женскиот спорт. Состојбата е деликатна, се намалуваат стипендиите и наградите , изјави меѓу другото револтираната Хадиља.
Слични критики пред неколку месеци упати и пливачката Мираи Бартомеу. Според најдобрата пливачка во Шпанија, за домашните спортски медиуми и весници позначајна е фризурата на Серхио Рамос фудбалерот на реал Мадрид отколку сите нејзини медали и рекорди. Таа воедно истакна дека скоро невозможно е да се видат на насловните страници на магазините и спортските весници најдобрите и најуспешните спортистки од Шпанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Полицајка се сликала топлес додека е на должност (+18)