Во првото полуфинале на светското првенство во одбојка што се игра во Полска актуалениот шампион Бразил потешко од очекувањата се пласираше во финалето победувајќи ја Франција со 3-2 (25-18, 23-25, 25-23, 22-25, 15-12) во сетови.
Франција во текот на целиот шампионат покажа дека игра одлична одбојка и заслужено стигна до полуфналето. Само еден натпревар ги делеше од мечот за златниот медал, но тука се испречи актуелниот шампион Бразил кој се мачеше во текот на натпреварот и беше изненаден од врвната игра на французите. Триколорите двапати успеваа да го израмнат резултатот во сетови 1-1 и 2-2, но немаа сили да направат комплетен пресврт. „Кариоките“ со сето свое искуство кое го имаат во годините наназад бидејќи долги години се најдобра репрезентација во светот, не дозволија никакво изненадување и во одлучувачкиот сет од почекот направија разлика која искусно ја сочуваа до крајот и заслужено се пласираа во финалето.
Противникот на Бразил во утрешното финале е домаќинот Полска која во второто полуфинале ја совлада Германија која е изненадување на шампионатот со пласманот во полуфиналето. Сепак гермнанскиот менталитет не издржа во полуфиналето против Полска која заслужено славеше со 3-1 (26-24, 28-26, 23-25, 25-21) во сетови. Германците загубија два сета на разлика поради своето неискуство иако успеваа да ја достигнат големата разлика на Полска која ја правеше во текот на сетовите.
Како и што се очекуваше уште пред почетокот на светското првенство во финалето ќе играат двете репрезентации кои имаат најголем квалитет во моментот во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.