
Како што истакна премиерот Груевски кој гостуваше во вестите на Канал 5, уште десетина компании од Турција имаат сериозен интерес да инвестираат во нашата земја.
По владините бизнис форуми одржани на повеќе локации во Турција, низа бизнисмени побарале лични средби со премиерот.
Детално се распрашале за условите и покажале силен интерес да инвестираат во Македонија.
-Имавме по секој состанок околу 15-20 средби, од кои најмалку половината оставаат добра надеж дека понатаму ќе се случи нешто во однос на нивна инвестиција. Што е исто така важно, сега на ред се нашите промотори да работат, да останат во контакт со овие инвеститори, да ги “хранат“ со информации, со анализи и со податоци кои дополнително ќе им помогнат да ја донесат конечната одлука – истакна Груевски за Канал 5.
Како и досега, Груевски не ги открива инвеститорите кои не објавиле сами дека сигурно ќе инвестираат. Но, тврди дека владини претставници и тројцата промотери во Турција, посветено работат со нив.
Во гостувањето на Канал 5 тој се осврна и на обвинувањата од страна на опозицијата и одредени аналитичари дека меѓународната финансиска зона ќе биде место за перење нечист капитал.
Како што истакна премиерот, меѓународната финансиска зона ќе биде место во кое во никој случај нема да постојат какви било малверзации и валкани пари.
-Не ни паѓа на памет да ја направиме државата место каде што ќе има валкани пари. Тоа ни во сон не би го направиле. Ако ни беше таква тенденцијата, во овие 8 години ќе направевме некоја таква глупост. Сакам да појаснам дека станува збор за доста добра идеја која беше дел од нашата изборна програма со која сакаме да формираме меѓународна финансиска зона и сакаме да привлечеме крупни финансиски компании кои ќе ги преселат своите главни центри и ќе бидат привлечени од добро проверено законодавство, а од друга страна многу низок данок или нулта данок – истакна Груевски.
Тој додаде дека со овој проект, меѓудругото, целта е да се привлечат богати луѓе со огромен капитал кои ќе ги преселат тука своите компании, ќе купуваат недвижнина, ќе изнајмуваат адвокати и сметководители, кои ќе добијат дополнителен тренинг за меѓународни финансии, ќе вработат луѓе во објектите во финансиската зона и во Македонија ќе пренесуваат искуства и знаења
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


