| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Се бориме за секое ново работно место!

канал

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, гостуваше во дневникот на Канал 5 телевизија каде уште еднаш ги предочи придобивките за земјава добиени по последното владино роуд-шоу.

Пет големи компании веќе најавија дека ќе инвестираат во Македонија, а уште десетина речиси сигурно ќе им се приклучат. Истовремено, Државниот завод за статистика објавува позитивни податоци- Македонија има најголем економски раст во Европа.

Владата ќе продолжи со напорна работа борејќи се за секое ново работно место.

-За 6 месеци невработеноста е намалена од 28,8 на 28,2 и се надевам ќе продолжи да се намалува. На повидок се инвеститори од различна големина и различни сектори. Ние не ги потценуваме инвеститорите кои вработуваат по 50-100 лица, насочени сме и кон нив и кон оние кои ќе вработат 1000 граѓани. Се бориме за секое ново работно место.  Само овие 5 од Турција се 700 вработувања, тоа се 700 среќни семејства – истакна Груевски за Канал 5.

Тој истакна дека посетата на Турција била успешна, но многу напорна. По секој бизнис-форум, турските бизнисмени барале директни средби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top