| четврток, 6 декември 2018 |

Новите турски инвестиции ќе отворат најмалку 700 работни места

grujo 3

Посетата на Турција беше една од поуспешните роуд- шоуа што ги реализира Владата, оцени денеска премиерот Никола Груевски. По остварените средби, разговори и промоции, пет компании, за изградба на земјоделско-дистрибутивенцентар, за изработка на пластика, за мермерни производи, за различни видови амбалажи и
за медицинска опрема, објавија влез во Македонија. Тоа би значело вкупна почетна инвестиција од 23 милиони евра и вработување на минимум 700 лица.
– Презентациите или како што се нарекуваат роуд-шоуа, во Турција беа едни од поуспешните кои досега сме ги имале, односно со првично брзи резултати кај некои од инвеститорите, невообичаено брзи. Имавме не само во пет града презентации, туку и поединечни разговори во секој од тие градови со најмалку 10-ина, а некаде и 15 врвни компании кои изразија интерес за поединечни разговори за да одат во детали поврзани со нивните бизнис-идеи и да прашуваат што се произведува во Македонија и слично – изјави Груевски по пуштањето во
употреба на повеќенаменско игралиште и реконструираното подрачно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.
Според премиерот, освен фабриката за медицинска опрема, другите четири компании првпат објавиле дека ќе инвестираат во Македонија.
– Фабриката за медицинска опрема има и претходно објавено, а сега само кажа дека во октомври ќе ја почне градбата на фабриката. Петте компании сами дадоа изјави дека донеле одлуки за инвестирање. Покрај овие пет, и голем број други компании можеби 10 или 15 во разговорите ни влеаја голема надеж дека брзо ќе донесат и објават инвестиција во Македонија – посочи Груевски.
Бројот на вработувањата и инвестициите неколкукратно ќе се зголемат доколку се реалзиираат и најавите за влез на останатите турски компании.
– Ќе стане збор за неколку илјади вработувања и за повеќе десетици милиони евра инвестиции. Меѓутоа, за нив во овој момент не можам да гарантирам, гарантирам за оние што донесоа одлука и сами ја објавија – подвлече премиерот.
Со компаниите кои размислуваат за влез во Македонија Владата ќе продолжи да разговара. Сега е многу важно дејствувањето на економските промотори.
– Имаме тројца промотори во Турција и тие треба да продолжат со нив да комуницираат и да работат, да ги хранат со дополнителни информации и да им бидат на располагање, а Агенцијата за странски инвестиции треба да го надгледува тој процес, а се разбира и министрите во Владата. Еден од нив беше со мене, Бил Павлевски, кој треба да остане концентриран на оние компании за кои увидовме дека се најблиску до носење одлука. Тоа е
дел од нашето работење, имаме добро искомпониран тим во овој дел и мислам дека тој нема да ја пропушти оваа шанса – дециден е премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top