Американските научници открија дека лицата кои конзумират околу 102 грама протеини дневно имаат 40 отсто помал ризик од висок крвен притисок во споредба со лицата кои внесуваат помалку од 50 грама протеини.
Тоа количество на протиеин одговара на околу четири бифтеци или пет порции пилешки прсти. Исхраната богата со такви намирници најуспешно го спречува зглемувањето на крвниот притисок.
Експертите следеле 1.361 здрави лица во текот на 11 години за да утврдат дали ќе заболат од висок крвен притисок и откриле дека протеините од растително и животинското потекло се поврзани со нискиот крвен притисок.
Експертите од универзитетот во Бостон велат дека храната богата со протеини на ваков начин влијае врз организмот затоа што овие нутриенти брзо согоруваат, па луѓето внесуваат помалку калории во организмот.
Освен тоа, аминокиселините од протеинот помагаат во ширење на крвните садови и намалување на крвниот притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.